Бојан Јовановски останува во притвор и наредниов месец, жалбата на Катица Јанева и натаму се разгледува

Од:

Бојан Јовановски останува во притвор, откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба со која бараше да се брани од слобода. Судиите оцениле дека се уште постои можноста Јовановски да се даде во бегство и да не биде достапен за органите на прогонот. Тој бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствна состојба и неможноста истата да се третира во затворот.

Засега, се уште нема одлука по жалбата на Катица Јанева, која пак бара да и се укине мерката куќен притвор. Претходно, пред крајот на ноември Апелација и ја уважи жалбата на Јанева и ја пушти од затворски притвор.

Јовановски и Јанева се обвинети во случајот „Рекет“. Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, а Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава