Едно лице обвинето за недозволена трговија со кокаин

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Обвинетиот 37-годишник, на 4 декември во својот дом во село Глумово, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6.3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица.

Со оглед на тоа што и натаму постои опасност обвинетиот, доколку биде пуштен да се брани од слобода, да го повтори кривичното дело или да избега, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки