Иранскиот духовен лидер ајатолах, Али Хамнеи изјави дека Исламската Република ќе го срамни со земјата Тел Авив, доколку Израел изврши напад врз Техеран.
-Израелските официјални лица се закануваат со воена инвазија, но тие не знаат дека доколку направат и најмала грешка Иран ќе ги разори Тел Авив и Хаиф- изјави ајатолахот Али Хамнеи, во текот на своето обраќање на државната телевизија.
Израел му се закани на Иран со воена акција, доколку не прекине со нуклеарната програма, за која Запад стравува дека е свртена кон производство на нуклеарни бомби.
Хамнеи, истакна дека не е оптимист, но и дека не се спротивставува на директните преговори со САД за нуклеарната програма на државата.
-Зошто да бидам оптимист, САД не сакаат со нас да постигнат логично решение.Тоа што за нив претставува разговор е да седиме и разговараме, додека Иран не ги прифати нивните ставови – нагласи Хамнеи.
Елена Георгиевска