ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски уништи цела генерација во Прилеп

Од:

Бранко Црвенковски не дојде во Прилеп по патот што го вети во 1994 година, не дојде со нова реторика, нe дојде со конкретни проекти. Дојде како и секогаш, безидејно колку да му помине редот, рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.

Според него еден ден е малку да видел Црвенковски се што напраиле од ВМРО-ДПМНЕ:

„Доаѓате ретко, но за да пристигнете мора да ги поминете 28 километри целосно реконструиран дел од автопатот Катланово-Велес, а бидејки вас, око не ви трепнуваше за нас прилепчани, оваа Влада изгради и дел од третата лента на превојот Плетвар, а се изработува и проектот за преостанатиот дел.

Ретко идете, бидејки тешко е да им се погледне во очи на 29 000 невработени што ги оставивте во нашиот град. Сигурно добро Ви се познати фирмите Црн Бор, Билјана, Политекс, Ридтекст, Солидност, Димче Бањарот, Центропромет, Пелагонија транс, чии што вработени ги оставивте на работ на бездната“, изјави пратеникот на ВМРо-ДПМНЕ.

Тој го обвини Црвенковски дека уништил цела генерација во Прилеп.

„Многу министри заменици, функционери, но ниту еден проект за граѓаните. Жалосно и без почит ја злоупотребувавте маката на тутунарите. Успеавте само во 2005-та година да ги залажете со 15 денари субвенции. Посетете ги денес експозитурите на банките и прашајте ги како можела Владата на ВМРО-ДПМНЕ да исплаќа субвенции по 60 денари, а вие не сте можеле.

Прашајте ги поранешните градоначалници од СДСМ и министри колку училишта во Прилеп реновираа, колку апарати набавија за прилепската болница, колку километри асфалт поставија во градот. Видете ги старите слики од Прилеп и обидете се заедно, денес да ги пронајдите местата од сликите. Ќе ви биде тешко бидејки вие не купувавте ни сунѓер за училишните табли, ни ракавици за хирушки интервенции, а вкупно поставивте 6 метри квадратни, бекатон во центарот на градот“, изјави Ставенанџија.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите