На редовната 174-та седница, Владата ги утврдила текстовите на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување, како и Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.
Со овие законски решенија, како што соопштуваат, се предлага за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година, да бидат отпишани сите камати на граѓаните-должници кон јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи, и репрогра-мирање на главницата на долгот, како и отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, со кој се предвидува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено за долговите преземени од страна на општините.