Таткото Ф.К.(55) од с.Голема Речица, поранешен менаџер на „УНИ Банка“ во Тетово заедно со својата ќерка Ш.К.(29), поранешен раководител во истата банка се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и измама затоа што си зеле кредит од 4.000 евра на туѓо име.
Во текот на 2008 година, пријавените како одговорни лица во банката обезбедиле фотокопија од личните карти на две лица од Тетово, клиенти во банката.
Потоа направиле договор според кој едниот како кредитобарател, а друготот како жирант наводно добил кредит без негово знаење од 260.000 денари.
Парите си ги зеле а на договорот не напишале дата на подигањето на парите, ниту пак го завериле како одговорни лица на банката со нивни потпис. Полицијата им поденсе кривични пријави.