Пазарната размена на Русија и Европската унија во најскоро време може да достигне 500 милијадри долари, изјави рускиот претседател Владимир Путин, на денешниот состанок со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
-Европа останува најголем економски партнер на Русија, нивото на нашата меѓусебна пазарна размена надмина 410 милијарди долари. Сметам дека во наредните години можеме да ја зголемиме пазарната размена на 500 милијарди долари – изјави Путин.
Тој изрази надеж дека дека посетата во Москва ќе даде поттик за подобрување на меѓусебните односи.
-Убеден сум дека на утрешниот состанок со владата ќе разговараме не само за постоечките проблеми, туку и за унапредување на нашите односи, додаде Путин.
Елена Георгиевска