Обвинителката Вилма Русковска на рочиштето за „Рекет“, реагираше во судницата кога Бојан Јовановски се престави како прокурист на „1ТВ“ поставувајќи му прашање на сведокот Христијан Баневски, поранешен вработен во таа фирма.
„Судија, кажете му дека тој не е ниту прокурист, ниту вработен, туку невработен“, рече Русковска.
Јовановски и во натамошниот тек додека ги поставуваше прашањата, продолжи да се претставува како одговорно лице, односно прокурист.
„Кога беа пуштени во домашен притвор осомничените во „Империја”, ние не смеевме ништо да објавиме“, одговори ексвработениот во „1ТВ“, Христијан Баневски, запрашан од Јовановски каква била атмосферата во телевизијата.
Судијката го прекори Јовановски затоа што ги става рацете во џеб и бидејќи го прекинува сведокот.