Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во помали пакувања во зелена пластична кутија, како и 2,63 грама семки од растениот канабис, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судот доставил и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, ценејќи дека доколку биде пуштен да се брани од слобода тој би можел да го повтори кривичното дело или да се обиде да избега.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он