Душан Бајевиќ бесплатно ќе ја врши селекторската функција

Од:

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на БиХ, Душан Бајевиќ, оваа функција ќе ја извршува бесплатно, пишуваат некои босански медиуми.

Прославениот стручњак кој има прекар „Принцот од Неретва“, се нафати да ги води „змејовите“ во баражот за пласман на Европското првенство. Договорот му е до крајот на март кога се игра бараж од Лигата на нации, па Бајевиќ не сакаше да ги наплати своите услуги.

Сепак, според законот тој не смее да работи бесплатно, па фудбалската федерација на БиХ ќе најде начин како да го исплати селекторот. БиХ треба да игра со Северна Ирска во Зеница и ако победи, следува финале со Словачка или Репблика Ирска, истотака на домашен терен.

Би можело да ве интересира

Смртни закани кон претседателот на Фудбалската федерација на БиХ

Ана Ололовска

Винко Мариновиќ е новиот тренер на ФК Сараево

Душан Бајевиќ е нов селектор на БиХ

Официјално: Велкоски го продолжи договорот со Сараево до 2021-ва

Ана Ололовска

ВИДЕО: Голманот на Слобода од Тузла го постави најлошиот „жив ѕид“

Наум Локоски