Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ги разгневи пратениците на СДСМ со својот потег на денешната седница на која пратениците поставуваа пратенички прашања. Тој на собраниската говорница постави плакат на кој што стоеше бројот 7, односно бројот на денови кои преостануваат од мандатот на Зоран Заев. Наместо прашање Милошоски емитуваше аудио од изјава на Заев на кое се слуша како ветува во 2019-та година изградба на браните Чебрен и Галиште, изградба на нов Клинички центар и изградба на нов автопат.
-На крајот од 2018-та година премиерот во заминување кажа дека во 2019-та ќе се отпочне со изградба на новиот Клинички центар, во 2019-та ќе се отпочне со градба на автопатот Скопје-Блаце и дека ќе се отпочнат со градба хидроцентралите Чебрен и Галиште. Моето прашање е дали излажавте тогаш и што излажавте денес бидејќи 2019-та година помина.
Милошоски не беше задоволен од одговорот па му порача на Заев дека уште 7 дена му остануваат да лаже.