(ВИДЕО) Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го загрозува членството во НАТО и работи против достоинството на нашата Армија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со деструктивното однесување на штета на интересите на граѓаните и државата.

Свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието значи кршење на Уставот загрозување на остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.

Овој парламентарен состав има чест и обврска да ги спроведе зацртаните цели што обезбедуваат полноправно членство на државата во НАТО.

Затоа, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат Законот за одбрана кој е важен и за нашето членство во НАТО, но уште поважен за припадниците на нашата армија.

Деструктивното, антидржавно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е одамна прочитано од граѓаните, од јавноста.

Граѓаните гледаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и постојано и на секој начин покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција и набрзо ќе го казнат таквото однесување.

Граѓаните се определија за членство во НАТО и брзи евроинтеграции и тоа ќе го потврдат на 12 април, кога уште еднаш ќе потврдат дека сме на прав пат и уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се доволни манго, папаја и аспарагус, сега Министерство за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Јанковиќ: Ѓорѓиевски молчи за дивоградбите во Чаир

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје