ВИДЕО: Судскиот совет избра претседатели на струшкиот и кавадаречкиот Основен суд

Од:

Судскиот совет на денешната седница ги изгласа Ифет Бајрамовски за претседател на Основниот суд во Струга и Лазар Нанев за претседател на Основниот суд во Кавадарци.

Членовите на Судскиот совет, освен што гласаа, секој поединечно ги образложија и причините зошто гласаа позитивно, односно негативно. Единствено негативно гласаше Зоран Караџоски за Лазар Нанев.

Судскиот совет на денешната седница го изгласа и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од академијата за судии и јавни обвинители.

Атмосферата се вжешти кога членовите на Судскиот совет дискутираа околу застапеноста на малцинските заедници, но сепак Правилникот беше изгласан.

Денешната седница на Судскиот совет работеше во полн состав, освен министерката за правда Рената Дескоска и Фаик Аслани кои беа оправдано отсутни.

По завршувањето на тековната седница, продолжува 320-та седница во која треба да се изберат шест судии на Апелационен суд Скопје, тројца судии за кривична област; двајца судии за граѓанска област и еден судија за стопанска-трговска област.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството