ВИДЕО: Адвокатите на Јанева и Јовановски тврдат дека исказите на сведоците не можат да помогнат во „Рекет“

Од:

Адвокатите на Катица Јанев и Бојан Јовановски по судењето за „Рекет“ рекоа дека сведоците не можат да помогнат во постапката, а имаа замерки и на начинот на кој биле испрашувани.

„Имавме прилика да слушнеме сведочења за она што не е предмет на обвинение. Тие немаат допирна точка со обвинението. Имаме замерки што начинот на испитување, зошто сведокот раскажува, а не одговара конкретно“, рече адвокатот Дељо Кадиев бранител на Катица Јанева.

На исти став е Сашо Дуковски кој е бранител на Бојан Јовановски. Тој смета дека исказите не можат да бидат предмет на доказ во постапката.

„Ништо не кажаа што би можело да помогне. Едниот сведок наведе што слушнал од другиот сведок а тоа не може да биде доказ во една кривична постапка. Не ми е јасно зошто беше викнат третиот сведок кој наведе дека имал професионален однос со Јовановски. Тој платил реклама и истата била платена според ценовникот. Понекогаш е добро што Обвинителството ја врши работата на одбраната“, рече Дуковски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов