Зелени општини за здрав живот, зелена економија и зелени работни места, социјална правда и еднакви можности на жените и мажите, е заложбата на ДОМ, истакна на денешната средба со граѓаните на Кочани лидерот на ДОМ, Лилјана Поповска.
Таа најави дека ДОМ ќе се залага за стопирање на урбаната експанзија во централното градско подрачје и заштита на зелените површини во близина на Кочанска река.
ДОМ е и за реставрирање и активирање на термалната бања во село Бање за заживување на бањскиот туризам, како и развој на потенцијалите за алтернативен туризам, браната Градче и ски центарот Понбиква, како и поврзување со соседните опоштини со велосипедска патека со што ќе станат подостапни и археолошките локалитети Виничко кале и Мородвис.
На присутните им беа делени борови садници.