Ѓукановиќ: Рацете ми се чисти, откако не се ракувам со Коштуница

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ на претседателот на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница, по повод неговите зборови за убиството на уредникот на „Ден“, изјави дека мирно спие и дека совеста му е чиста.

Тој додаде дека рацете му се чисти, откако ниту во протоколарните средби не се поздравува со Воислав Коштуница.

Ѓукановиќ во понеделник го обвини Коштуница дека стои зад убиството на уредникот на „Ден“, Душко Јовановиќ, по што претседателот на ДСС ги отфрли обвиненијата и го повика црногорскиот премиер да се изјасни за тоа прашање.

-Многу мирно спијам,со чисти раце и совест, откако ниту во протоколарните средби не се поздравувам со Коштуница – одговори Ѓукановиќ.

Тој го повтори својот поранешен став дека Коштуница, како и неговиот претходник на СРЈ, Слободан Милошевиќ ја злоупотребуваат безбедносната-известувачка структура на Југословенската војска, против сите свои противници.

Црногорскиот премиер продолжи со своите наводи дека весникот „Ден“ во текот на бомбардирањето на НАТО на Србија, во 1999 година бил носен во касарните на Југословенската војска.

-Дали треба да ве потсетам дека „Ден“ беше бесплатен во текот на бомбардирањето. Зошто тоа не беа „Победа“, „Политика“ и „Блиц“, туку „Ден“ – истакна тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Цетиње бара меѓународна форензика и оставки на врвот на полицијата

Катерина Ѓуровски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време