Кошаркарите на Билбао Баскет и на Локомитив Кубан забележаа победи во првите полуфинални натпревари од Еврокупот.
Екипата на Локомотив Кубан предводена од Литванецот Симас Јасаитис кој покрај 23 постигнати поени оствари и 8 скокови и 4 украдени топки, славеше победа од 97:87 на гостувањето во Валенсија кај истоимената домашна екипа.
Во Киев, Будивелник загуби од гостинот од Шпанија, Билбао Баскет со 83:93. Најзаслужни за овој триумф на Билбабо беа Ламонт Хамилтон кој покрај 26 поени имаше и 8 скокови и Костас Василиадис кој реализира 20 поени.
Вторите натпревари од оваа фаза во Еврокупот се закажани за 26 и 27 март.