Договорот помеѓу Белград и Приштина не ниту близу, ниту далеку, бидејќи тоа може да се промени секој момент, изјави во Брисел, премиерот на Србија, Ивица Дачиќ по разговорот со премиерот на Косово, Хашим Тачи и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Кетрин Ештон.
-Се уште постојат некои разлики, првин за заедницата на српските општини на Косово, но можам да кажам дека на овие седум средби, изградивме однос во кој ги почитуваме договорите и ги решаваме тешките прашања-изјави Дачиќ.
Решение на 2-ри април
Високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон изјави дека верува на последниот завршен состанок на 2-ри април да се реши прашањето помеѓу Белград и Приштина.
Таа смета дека во дијалогот дошле многу близу до решението, и покрај тоа што се зборувало за тешки прашања, поврзани со северот на Косово. Ештон додаде дека ЕУ дава полна поддршка.
Премиерот на Косово, Хашим Тачи нагласи дека очекува во наредните денови да постигнат договор за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово, пред се во северна Митровица.
-Очекувам во наредните денови да дојдеме до решение. Ние исто така сакаме слободно движење, извршна власт и развој на демократијата – изјави тој.
Тачи истакна дека договорот за нормализација на односите значи постигнување на стабилност во целиот регион.
-Убеден сум дека во иднина народите ќе живеат во мир и развој- изјави тој и додаде дека во последните шест месеци е постигнат значаен успех, незамислив пред година дена.
Елена Георгиевска