Сменет директорот на „Боинг“

Од:

Бордот на директори на американската компанија „Боинг” го смени извршниот директор Денис Муленберг.

Муленберг функцијата ја напушта веднаш.

Веста за смена на првиот човек на компанијата доаѓа само една недела откако најголемиот американски производител на авиони информира дека од јануари привремено ќе го запре производството на моделот „737 Макс”.

Овој модел на авион на компанијата не лета веќе девет месеци, заради двете авионски несреќи во кои имаше десетици жртви.

Од 13 јануари извршен директор и претседател на „Боинг“ станува Дејвид Келен.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија