Три месеца од разрешувањето на Јово Вангеловски, врховните судии ќе бираат кој да одлучува за неговата жалба

Од:

По повеќе од три месеци в четврток конечно треба да се комплетира комисијата која треба да расправа за жалбата за разрешувањето на експретседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

„А1он“ дознава дека по многу одлагања конечно ќе се влече жрепка за пет меѓу деветмина врховни судии, кои останаа да членуваат во деветчлената комисија, која ќе одлучува во втор степен за неговото разрешување. Останатите судии од апелационите подрачја во ова комисија се веќе избрани.

Половина од врховните судии се изземени од жрепката поради евентуална пристраност. Во составот на комисијата за Вангеловски нема да бидат судиите од советот кои донесоа одлука за притворот на Кочан, поради која што е разрешен првиот човек на Врховен: Рахилка Стојковска, Џемали Саити, в.д. претседателот, Фаик Арслани и Ристо Катавеновски. За Катавеновски се води и постапка за истиот предмет во Судскиот совет, а Рахилка Стојковска е исто така разрешена од функцијата.

Од комисијата за разрешувањето на Вангеловски треба да се изземе и судијката Јелица Крстевска, бидејќи таа беше членка на Судскиот совет додека отпочна постапката за утврдување нестручно и несовесно вршење на функцијата за Вангеловски.

Иззмени од гласање треба да бидат и судијките Лидија Неделкова, бидејќи со Вангеловски се пријавија меѓу себе во Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, како и Марија Матеска, која Вангеловски исто така ја пријави во Судскиот совет.

Во комбинација за состав на комисијата остануваат судиите: Васил Грчев, Николчо Николовски, Мирјана Радевска Стефкова, Беса Адеми… Ако Комисијата ја потврди првостепената одлука на Судскиот совет, тогаш Вангеловски и правосилно ќе биде разрешен од функцијата.

Би можело да ве интересира

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

A1on

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

A1on

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

A1on