Шпанска телевизија казнета 100.000 евра поради реклами

Од:

Шпанскиот регулатор за конкуеренција ЦНЦМ ја казни со маскимални 100.000 евра шпанската јавна радио-телевизија, бидејќи за време на пренос на фудбалски натпревар пуштила реклами.

Во денешната изјава од ЦНЦМ се наведува дека телевизијата има објавено 40 различни реклами на 26 и 29 март за време на преносите на натпреварите меѓу Шпанија и Норвешка и Шпанија и Малта.

Радио-телевизијата со тоа го прекршила законот 43.2 од Општиот закон за аудиовизуелна комуникација која ги регулира финансиите на давателите на услуги за јавна аудиовизуелна комуникација.

ЦНМЦ ја наметна максималната парична казна бидејќи Шпанската радио-телевизија во минатото трипати била санкционирана поради истите причини.

Радио-телевизијата има рок од два месеци за жалба. Шпанската радио-телевизија се уште не ја прокоментира казната.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата