„Заглави“ формирањето на Комисијата за испитување на настаните околу Црниот понеделник

Од:

Членовите, секој како што мислеше си ги предложи, но она потешкото, како што и се очекуваше, ја закочи работата.

Времето гази, а игрите за претседател на ад-хок Комисијата, која треба да ги расчисти случувањата во периодот околу 24 декември и да одлучи дали бил прекршен Уставот или не никако да престанат.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште не се договорија.

Закажани, па откажани средби, причините не се знаат, информациите различни и контрадикторни.

Имињата на кандидатите кои се во игра се уште се држат во тајност. Изборот на личноста на претседателот на Комисијата ќе биде исклучително значајно, бидејќи токму неговиот глас ќе биде и одлучувачки.

И додека ВМРО-ДПМНЕ се одлучи како членови да ги предложи пратениците, и директните учесници во настаните пред и на 24.декември, Илија Димовски и Благородна Дулиќ , СДСМ се одлучи за професорите Љубомир Данаилов Фрчковски и Рената Треневска Десковска.

Формирањето но и брзиот епилог и резултати од работата на Комисијата беа дел од политичкиот договор во присуство на меѓународниот фактор, за да се надмине политичката криза.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, повторно во Скопје ќе биде на 8 април, за да провери до каде е исполнувањето на политичкиот договор.

Кко што стојат работите , за овој дел тешко дека ќе се испорачаат резултати. Дали можеби ќе го чекаме Филе, за да ја поттурне тој работата и да ни „помогне“ да избереме вистински човек за претседател на Комисијата?

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада