Престолнината на Чешка ги привлекува туристите со своите дворци, улици и пивото, а пролетта е вистинското време за посета на овој романтичен град.
Иако многумина мислат дека Прага е најромантична во зима, вистинско време за посета „на златниот град“ е пролетта, бидејќи со првите сончеви зраци кулите и куполите на градот навистина засветуваат со златен сјај.
Заради тоа „градот на стотините кули“ (ги има повеќе од 500) е еден во низата називи на кои Чесите на галено ја викаат својата престолнина.
Прага е совршена локација за заљубените, кои ги остава без здив благодарение на тесните улици, старите замоци, веселите крчми и најдоброто пиво.
Во градот живеат повеќе од милион луѓе, но превозот совршено функционира, и со метро до центарот на градот се стигнува за миг…
Стариот дел на градот е едноставен за ориентација, а улиците се поплочени, така што се вистински рај за љубителите на пешачењето.
Во рамки на бесплатните тури, водичите секогаш советуваат дека треба да се тргне од Прашкиот замок, што важи за еден од најголемите дворски комплекси на светот. Во неговиот состав се палати (во кои престојуваат претседателот и кардиналот), неколку цркви, градини, манастир, галерија.
Со лесен од низ Мала страна се минува крај старите пивници, музејот на Кафка, Златната улица и се стига до Карлов мост, што потекнува од 1357 година.
Прага ја основале Словените во 9 век, но својот врв го достигнала за време на владеењето на Карло Четвртти. Тој не само што го изградил еден од најубавите мостови на светот, туку и наредил кулите да се позлатат за да светат уште од далеку.
Најсликана градба, сепак, е Астрономската кула (со 12 апостоли кои означуваат крај на денот) на чиј плоштад се наоѓа споменикот на Јан Хус.