Родителите сакаа да и го дадат „најлошиот Божиќен подарок досега“, на ќерката, но беа изненадени од нејзината ентузијастичка реакција, која потоа стана хит на социјалните мрежи.
Американскиот блогер кој стои зад „Јутјуб“ каналот LGNDFRVR на својата ќерка Арија и подари банана, а нејзината реакција беше бесценета. „Банана, банана“, вели воодушевено девојчето. „Ова е најслатката реакција што покажува дека правите одлична работа како родител“, е само еден од коментарите под видеото.