Денеска со почеток од 18 часот во рамките на проектот „Градот убав“ во катната гаража „26 јули“ (прво ниво) ќе се отвори Skopje street art & graffiti gallery 2 – отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст.
Галеријата ќе биде составена од дела направени од 13 домашни ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност кои беа избрани преку конкурсен повик.
Артисти: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ, Тамара Забазноска.
Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).