Прославениот фудбалски стручњак Душан Бајевиќ е избран за нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Бајевиќ, кој има прекар „Принцот од Неретва“ поради успесите со мостарски Вележ, беше прв на листата на желби кај навивачите, а тој на оваа функција го наследува Роберт Просинечки. Бајевиќ ќе ги води „змејовите“ во баражот за Европското првенство.
Во богатата 35-годишна кариера, Бајевиќ има водено многу познати клубови, најмногу титули освои со АЕК во грчкото првенство, но последниот му беше Атромитос во 2012 година.