Глушец виновен за дефектот во Фукушима

Од:

Портпаролот на токиската електрична компанија „Тепко“, која пред две години беше оштетена од катастрофален земјотрес и цунами изјави дека причината за сегашниот дефект во централата е глушец.

Според него денес во близина на разводната табла во централата Фукушима е пронајден мртов глушец долг 15 сантиметри. Се претпоставува дека тој е причината за прекинот на струјата, но дека е потребно сето тоа да се провери.

Системите за ладење на четирите базени во кои се собира искористеното нуклеарно гориво престанаа со работа во понеделник поради дефект во напојувњето со струја, која утрово е пуштена во сите делови од централата.

Нуклеарната централа Фукушима беше тешко оштетена од земјотресот и цунамито во март 2011 година и важи за најголема нуклеарна катастрофа во светот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови