Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски остро реагира на денешната промоција на книгата „Црн понеделник“ нарекувајќи ја „скапа еднопартиска сеанса“ чија цел е да ја замае маеѓународната и домашната јавнсот, обидувајќи се да го сокрие мрачното сценарио за суспендирање на Парламентот заради дестабилизација на државата.
„Навивачката и гротескна судница во која се претвори денешната промоција на скапиот болшевички памфлет, за жал, се случува сред изборите и е во директна функција за вршење притисок врз Комисијата која треба да ги утврди фактите пред и на 24 декември 2012 година. Старата болшевичка метода на замена на тезите, нападнатиот претседател на Собранието со нарушувачите на редот, е најдобар доказ за матрицата на затворениот ум и мрежата на затвореното, а не на отвореното општество. Целата политичка магла која насила се пумпа во македонското општество има една единствена цел: насилно приграбување на власта по секоја цена. Сè што влегува во ова сценарио е сојузник. Со нехаризматични глумици кои се спремни и потсмешливиот бастун да го стават како влог во својата октроирана кариера – не се гради држава“, пишува претседателот на Собранието.