Зголемен фондот на „УС Опен“

Од:

Светските тенисери одамна побараа зголемување на наградата на грен слем турнирите, а први кои направија ваков чекор се организаторите на Отвореното првенство во САД.

До 2017 година на „УС Опен“ наградниот фонд ќе биде зголемен до сума од 50 милиони долари. Исто така се планира натпреварувањето да се продолжи на уште еден ден.

Организаторите на турнирот во Њујорк планирале да го дуплираат наградниот фонд, како и распоредот од 2015 година да биде полесен, па полуфиналињата да се играат во петок, а финалето во недела. Наградниот фонд во 2013 година ќе изнесува 33.600.000 долари. Во 2012 година наградниот фонд на „УС Опен“ изнесуваше 25.500.000 долари.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех