Центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ вечер од 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) ќе ја изведе претставата „Конекции“ која ја подготви со лица со интелектуална попреченост од Дневениот центар „Порака“ од Скопје и со професионални актери и музичари.
Режијата е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, музиката на Гаврило Миловановиќ (клавијатура), Јован Витанов (фагот), Златко Митрески и Дино Рамо (тапани), Ева Малиновска (виолончело).
Играат: Перуника Киселички, Трипун Атанасов, Емилија Белимбеговска, Ана Беќарска, Лара Бошковиќ, Жаклина Велковска, Дино Рамо, Ристовски Љупчо и Дарко Урдаревиќ.
– Во претставата се вплетуваат слики и приказни инспирирани од самите актери и нивните видувања кон светот и нивното минато, соопшти „Театар Пи“ за вечерашната претстава за која влезот е бесплатен.