Судијката Лаличиќ го тужи адвокатот Алиспахиќ зашто со објава на „Фејбук“ ѝ ги нарушил честа и угледот

Од:

Продолжува војната меѓу кривичната судијка Софија Лаличиќ и адвокатот Асмир Алиспахиќ. Во граѓанскиот суд во Скопје по Нова година ќе се одржи судење, по тужбеното барање на судијката од скопска единица против адвокатот, потврдија од таму за „А1он“.

„Во судот заведена е тужба со странките наведени во Вашиот маил и оформен е предмет П5-72/19 со основ утврдување одговорност за навреда и надомест на штета. Предметот е се уште во работа и по однос на закажаното рочиште дополнително ќе бидете известени“, одговорија од таму.

Лаличиќ го тужи адвокатот Алиспахиќ затоа што на неговиот профил на „Фејсбук“ во септември годинава напишал „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија“. Објавата ја проследиле коментари и преземања од други корисници на социјалната мрежа.

Вредноста на спорот е 10.000 денари.

Лаличиќ преку адвокатката Анита Бегова побарала и извинување во рок од 24 часа од објавата од адвокатот, но не го добила. Судот треба да ги сослуша и двајцата во постапката.

Ова следува кога Лаличиќ го казни адвокатот со 2.000 евра за навредата, но нејзините колегии-судии од кривичниот совет и го укинаа решението со образложение дека објавата на „Фејсбук“ не може да се поврзе со кривичната постапка во која постапувал адвокатот пред судот.

Алиспахиќ на Лаличиќ ѝ поднесе кривична пријава до Скопското обвинителство за злоупотреба на службенета положба и овластување и ја пријави за разрешување во Судскиот совет.

Од бомбите на тогашната опозиција можеше да се слушне гласот на Софија Лаличиќ, на која ексдиректорот на УБК,Сашо Мијалков на телефон ѝ честита дека ја избрале за судијка, а таа го прашува: „Кои други судии ги договоривте“ и го наговара поранешниот директор на УБК за судија да ја изберат Виолета Арнаудовска, сестра на врховната судијка Снежана Бајлозова, која беше советник во Судскиот совет, а потоа стана судијка.

Би можело да ве интересира

Одбиена жалбата на судијката Софија Лаличиќ на одлуката за нејзино разрешување

Две илјади евра казна за навреда на судијката Лаличиќ на Фејсбук

Судијката од бомбите Софија Лаличиќ ќе ѝ суди на Ивона Талевска за затајување данок

Наум Локоски