ВИДЕО: Луксузна јахта удри во пристаниште на карипски остров

Од:

Јахта долга 86 метри е сериозно оштетена откако удри во пристаниште на карипскиот остров Сен Мартен.

Јахтата, која некогаш му припаѓала на рускиот милијардер Роман Абрамович снимена е како удира во пристаништен мост, на патот кон лагуната Симсон беј и уништува една од неговите контролни кабини.

Се претпоставува дека силниот ветер предизвикал капетанот на бродот да изгуби контрола.

Британски медиуми посочуваат дека јахтата вредна 57 милиони фунти, во 2009 година Абрамович ја продал на принцот престолонаследник од Абу Даби Мохамед бин Зајед ел Најен, а тој ја продал на пакистанскиот могул Алшаир Флаз во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Смртоносната тајна на потонатата јахта: Потрага по тајните податоци на британскиот милијардер

Убиство би можело да биде причина за потонувањето на суперјахтата во Италија

Предраг Петровиќ

Телото на британскиот милионер Мајк Линч извлечено од потонатата јахта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ураганот Берил разнесе острови на Кариби: Бездомници сме, се е уништено

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се запали јахта во Макарска, интервенираа 11 противпожарни возила

Горан Наумовски