А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата и другите органи на државна управа нема да употребуваат пластика за еднократна употреба и пластична амбалажа

by А1он18/12/2019 - 15:37377
Share0

Со информацијата дека Владата на Република Северна Македонија на последната Владина седница ја усвои иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање за престанок на набавките на еднократно пакување и пластика од страна на државните институции, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ја започна конференцијата за медиуми што денес ја одржа пред започнувањето на јавната расправа по однос на шесте нови предлог законски решенија за управување со отпад.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Со задоволство информираме дека Владата на Република Северна Македонија ја усвои иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање за престанок на набавките на еднократно пакување и пластика од страна на државните институции, која ќе стапи на сила од 1. јануари 2020година. Ова значи дека во следната јавна набавка спроведена од страна на Владата, пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра, како шеќер, во пластична амбалажа, туку рефус.

Исто така, беше одлучено дека Службата за општи и работи и услуги и сите министерства, органи во состав, секретаријати и стручни служби нема да склучуваат договори за јавна набавка со производители без да поднесат доказ дека, најмалку за тековната година, во целост ги исполниле обврските во согласност со законодавството од областа на проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Овие мерки се дел и од Планот за спречување на создавањето на отпад на Република Северна Македонија кој беше подготвен од страна на Министерството и ќе биде официјално донесен, по усвојувањето на новиот пакет закони за управување со отпадот, кој во моментот е во фаза на консултации и за кој се одржуваат јавни расправи“ информираше министерот Нуредини.

Следете a1on на Youtube YouTube
vladazakon

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео