Ќе се гради пат за депонијата за Источниот и Североисточниот регион во Ранковце

Од:

На предлог на Министерство за животна средина и просторно планирање Владата усвои Информација да се обезбедат пари за изградба на пристапен пат до претоварната станица во општина Ранковц, кој е дел од проектот за воспоставување самоодржлив систем за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион, чија вредност изнесува околу 40.000.000 евра.

-За реализација на овој целокупен проект, со кој трајно ќе се реши управувањето со отпадот за Северноисточниот и Источниот регион, неопходно е да се исполнат одредени обврски од страна на општините и јавните комунални претпријатија од двата региона, соопшти владината прес-служба по вчерашната владина седница.

Владата му препорача на Јавното претпријатие за државни патишта да направи проценка за изработка на проектна документација.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски