ДОМ: Итни мерки против аерозагадувањето, веднаш!

Од:

„Поради енормното аерозагадување во градовите, со концентрации на ПМ10 честички неколку пати над дозволеното ниво, ДОМ бара веднаш да се спроведат следните итни мерки:

1. Интензивни инспекциски контроли на индустриските капацитети, од страна на државниот и локалните инспекторати за животна средина
2. Намалување за 50% на согорувачките процеси во индустриските капацитети
3. Стопирање на сите градежни активности во градските средини
4. Забрана за движење на тешки возила во градовите и ниво упатување на обиколници
5. Забрана за движење на возила под Еуро 4 стандард во градскиот сообраќај
6. Бесплатен градски превоз и зголемена фрекфенција на автобуси
7. Редовно миење на улиците, собирање на сметот и одржување на јавната хигиената
8. Ослободување од работа на бремените жени и лицата со хронични респираторни и кардиоваскуларни болести

Со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето, ДОМ апелира граѓаните да не горат јаглен, отпадно масло, пластика, гуми, отпадоци од боено, лакирано дрво и медијапан, да користат јавен градски транспорт или да споделуваат превоз-повеќе патници во еден автомобил, соопштуваат од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски