Комерсант: Дејтонско сценарио за решавање на конфликтот во Донбас

Од:

Инсистирањето на Русија за почитување на Минскиот договор може да укаже на тоа дека Москва е заинтересирана за решавање на конфликтот во Донбас според Дејтонското сценарио, пишува московскиот весник „Комерсант“.

Весникот наведува дека по потпишувањето на договорот, БиХ функционира по принципот на консензус: сите клучни одлуки за земјата се донесуваат со согласност на двете страни, со што „Република Српска фактички доби право на вето не само на формирањето на раководните тела на Босна, туку и на воспоставувањето на приоритети за надворешна политика“.

„На пример, влезот во ЕУ или во НАТО. А, бидејќи Република Српска првенствено е фокусирана на Србија, а во последно време се повеќе на Москва, влезот на Босна во НАТО е апсолутно нереален. Во секој случај, сè додека Белград или Москва не го сменат својот став во врска со Алијансата“, пишува Комерсант во текстот под наслов „Сценарио за Донбас“.

Весникот наведува дека раководството на Република Српска има уште еден притисок и на централната власт и на меѓународната заедница.

– Сите нивни обиди да ја зајакнат функционалноста на БиХ наидуваат на остро противење од Република Српска. И предупредуваат: при обид да се измени Дејтонската формула ќе одржиме референдум за независност и спојување кон Србија, пишува весникот.

„Комерсант“ оценува дека Дејтонското сценарио за Донбас, во контекст на спорот меѓу претседателите на Русија и Украина, дали во Донбас е можно повторување на трагедијата во Сребреница, „најверојатно е идеално од гледна точка на Москва“.

„За Украина – тешко. Но, во 1995 година, властите во Сараево многу малку ги прашуваа дали им се допаѓа Дејтонската формула. Главната работа беше да се постигне мир. Дури и по цена да се направи таа земја и нефункционална и четвртина век подоцна”, додава „Комерсант“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта