Тони Надал: Бев среќен кога Дел Потро го победи Ѓоковиќ

Од:

Тони Надал, чичкото на најдобриот шпански тенисер на сите времиња Рафаел Надал, изјави дека тој, но и целиот тим на Надал биле среќни кога дознале дека Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро во полуфиналето на Индијан Велс го победил Новак Ѓоковиќ.

Тој бил загрижен како ќе игра Надал против првиот тенисер на светот, бидејќи за тој дуел ќе му било потребна повеќе сила, во однос на претходните, па и натпреварот со Дел Потро.

-Бев среќен кога слушнав дека Ѓоковиќ изгубил од Дел Потро, бидејќи нема да се најде во финале со Надал. Но, Надал играше одлично, ги победи Бердих, Федерер и Дел Потро-изјави Тони Надал.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех