САД бара јавно извинување од папата

Од:

Организацијата за Одговорност на бискупите го повика папата Францис да се извини пред јавноста затоа што аргентинската црква штитела свештеници кои злоставувале деца.

Папа Францис не бил директно вмешан во скандалите со свештениците Хулио Сесар Гарси, обвинет за педофилија и Наполеон Саса обвинет за злоставување на девојчиња во народната кујна во Буенос Аирес.

Меѓутоа, тој како аргентински кардинал не ги суспендирал свештениците обвинети за злоставување.

-Бергољо беше најсилен човек во аргентинската црква од почеток на веков, сепак ништо не направи за да ги отстрани овие луѓе од нивните позиции, ниту сакаше да се сретне со жртвите – изјави адвокатот Ернесто Моро на агенцијата „Франс прес“.

Според кодиректорката на Организацијата за одговорност на бискупите Ан Дојл скандалите покажуваат дека Бергољо бегал подалеку од глобалната војна, против злоставувачите на верниците, која започнала 2002 година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија