САД со изрази на поддршка за Кипар

Од:

 Американскиот Стејт департмент, во врска со економската криза во Кипар, соопшти дека САД има интерес Европа да остане место на просперитет и стабилност.

– Постојано го следиме развојот на настаните во Кипар. Секретарот за финансии Лу е ангажиран со своите европски колеги по ова прашање. Кипар, секако, е соочен со тежок избор во ова критично време. Ние ги поддржуваме напорите економијата на државата да се врати на патот на растот и стабилноста. Во пошироки рамки, имаме длабок интерес во просперитетот на Европа како наш најголем економски партнер, изјави Викторија Нуланд портпарол на американскиот Стејт департмент, по веста дека кипарскиот Парламент го отфрли предлогот за санирање на островските банки кои се затворени од минатата недела за да се спречи одлевањето на заштедите на граѓаните.

Идентична порака испрати и портпаролот на Белата куќа Џејк Карни, велејќи дека стабилна Европа е во интерес на САД. Карни не сакаше да коментира дали Белата куќа има став во врска со конкретниот предлог кој беше поставен пред Кипар, во кој Европската Унија ќе покрие дел од долговите на банките, но дел од обврската ќе падне врз штедните влогови на домашните и странските граѓани и компании.

Во Стејт департментот не одговорија на прашањето дали имаат информации за бројот на американски штедачи кои ќе бидат опфатени од планираното одземање на дел од заштедата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија