На четирите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата единствената победа како гостин ја оствари Денвер и тоа на теренот кај Оклахома Сити, една од трите екипи кои имаат 50 победи.
Решавачката предност гостите ја направија во второто полувреме (третиот период) кога Окалоха Сити постигна скромни 16 поени.
Најефикасен беше Тај Ловсон со 25 поени, а Андре Милер реализираше 20 поени (рекордни сезонава), од кои 13 во последниот период и со тоа на најдобар можен начин го прослави својот 37.ми роденден.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Индијана – Орландо 95:73, Милвоки – Портланд 102:95, Оклахома Сити – Денвер 104:114 и Сакраменто – Лос Анџелес Килперс 116:101.
Двојки за вечерва: Шарлот – Торонто, Кливленд – Мајами, Њујорк – Орландо, Атланта – Милвоки, Мемфис – ОКлахома Сити, Њу Орлеанс – Бостон, Хјустон – Јута, Далас – Бруклин, Сан Антонио – Голден Стејт, Феникс – Вашингтон и Лос Анџелес Клиперс – Филаделфија.
Пласман Источна конференција: Мајами 52-14 (победи-порази), Индијана 42-26, Њујорк 39-26, Бруклин 39-28, Атланта 37-30, Чикаго 36-30, Бостон 36-30, Милвоки 34-32,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 51-16, Оклахома Сити 50-18, Мемфис 45-21, Лос Анџелес Клиперс 46-22, Денвер 47-22, Голден Стејт 39-30, Хјустон 36-31, Лос Анџелес Лејкерс 36-33, Јута 34-33,…