Обновена работата на системот за ладење во трите реактора на Фукушима

Од:

Експертите на јапонската енергетска компанија ТЕПКО денеска целосно ја обновија работата на системите за ладење на басените со обработено нуклеарно гориво во три од реакторите на АЕЦ „Фукушима“, соопштија руските медиуми.

Во 22.43 часот по локално време циркулацијата на водата беше обновена во басенот на Третиот енергоблок на АЕЦ. Претходно денеска експертите на ТЕПКО го обновија ладењето на басените со обработено нуклеарно гориво на Првиот и Четвртиот реактор.

Во трите енергоблока се чуваат вкупно 2,5 употребени стапчиња со гориво.

Системите за ладење вчера запреа со работа заради запирање на струјата во АЕЦ „Фукушима“, која тешко беше оштетена од цунамите во 2011 година.

Во ТЕПКО уверуваат дека ситуацијата во централата е под контрола.

Не е регистрирано зголемување на нивото на радијација.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови