А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана

by А1он19/03/2013 - 18:17144
Share0

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Упрва на Р. Македонија реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога – марихуана со висок квалитет, при што се запленети околу 40 килограми марихуана, со што е пресечен меѓународен канал на релација од Р.Македонија-Р.Албанија-Р.Италија со крајна дестинација нарко пазарот во Швајцарија.

Добивај вести на вибер

Вчера по претходно добиено сознание за можен транспорт на наркотична дрога на марихуана, околу 14,20 часот, на излез од Р.Македонија на граничниот премин Ќафасан од страна на полициски службеници од полициска станица за Ќафасан запрено е транспортно возило Ман влекач со охридски регистерски ознаки и приколка, управуван од Х.Л.(34) од Струга.

Потоа, со обезбедена Наредба од Истражен судија од ОС Струга извршен е преглед и претрес на горенаведеното транспортно моторно возило при што во приколката од истото, во легалниот товар во 19 собни врати, во специјално направен бункер, во внатрешноста на истите, пронајдени се 71 полиетиленско пакување правоаголна форма-пресувани, исполнети со наркотична дрога марихуана.

Подоцна околу 22,30 часот од слобода е лишен и Е.Д.( 41 ) од Струга кој е организатор на транспортот на марихуана.

Имено во почетокот на месец Февруари и текот на Март од засега непознато лице од Р.Албанија за неутврдена цена ја набавил марихуаната со цел истата да се транспортира на швајцарскиот нарко пазар.

Тој заедно со З.А.(31) од Струга, кој има привремен престој во Цирих, го ангажирале Х.Л. за да ја транспортита марихуаната по цена од 500 евра за еден килограм.

droga

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски31/10/2025 - 08:2431/10/2025 - 08:25

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Горан Наумовски27/10/2025 - 22:50

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:56

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Горан Наумовски24/10/2025 - 07:21

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски13/10/2025 - 08:4913/10/2025 - 08:49

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он30/09/2025 - 21:4030/09/2025 - 21:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен