Маж обесен на плоштад во Багдад откако уби шест лица

Од:

Вооружен маж денеска за време на антивладините протести во Багдад уби шест лица, меѓу кои и четворица демонстранти. Насобраните луѓе го разоружаа напаѓачот, го убија и го обесија на централниот плоштад, соопшти ирачката полиција.

Инцидентот го осудија организаторите на протестот, наведувајќи дека лицата кои го убиле вооружениот напаѓач не биле дел од мирните демонстрации.

Според ирачките власти, напаѓачот, кој бил обвинет за трговија со наркотици бегал од полицијата и пукал при што убил двајца сопственици на продавница, а потоа и четворица демонстранти.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак