Пјонгјанг: Соодветно ќе одговориме на какви било американски мерки

Од:

Севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска ги критикуваше САД поради свикувањето седница на Советот за безбедност на ОН и предупреди дека е подготвено да одговори на која било мерка воведена од Вашингтон.

„САД зборуваа за соодветни мерки на седницата, а ние велиме дека немаме што да изгубиме и оти сме подготвени да одговориме на која било мерка на САД“, соопшти севернокорејското Министерство за одбрана.

Советот за безбедност се состана на барање на САД во време кога расте меѓународната загриженост дека Пјонгјанг, поради застојот во преговорите за денуклеаризација меѓу Северна Кореја и САД , би можел да продолжи со нуклеарни и проби на ракети со долг дострел кои беа прекинати од 2017 година

Американската амбасадорка во ОН Кели Крафт по седницата изјави дека САД се подготвени да бидат флексибилни, но тие не можат сами да го решат овој проблем и оти Северна Кореја мора да се ангажира во тој процес.

Крафт исто така рече дека Советот за безбедност мора да биде подготвен да одговори на какви било провокации од страна на таа земја.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот