Грчките банки се подготвени да ги преземат активите и пасивите на филијалите на кипарските банки во Грција

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека грчките банки се подготвени да ги преземат активите и пасивите на филијалите на кипарските банки во земјата.

По синоќешната телеконференциска врска на Еврогрупата Стурнарас истакна дека банките во Грција се подготвени да ги преземат активите и пасивите на трите филијали на кипарските банки, Бенк од Сајпрус, Кипарската народна банка и Хеленик банк, кои ќе бидат затворени до четврток. Сите останати грчки или странски банки во Грција ќе работат нормално, увери Стурнарас.

Тој појасни дека нема никаква опасност за заштедите на Грците, во грчките, кипарските или други банки.

Четирите главни грчки банки, Националната банка на Грција, Алфа банк, Пиреос банк и Поштенската банка, кои се рекапитализираа со средствата од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд пројавиле интерес за преземање на кипарските филијали.

Се проценува дека за финансирање на тој план се потребни околу една милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната