(ВИДЕО) Кузмановска: Заев и Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра

Од:

„Зоран Заев и Нина Ангеловска за само еден ден со одлука на пратениците на СДСМ ќе ја задолжат државата за нови 216 милиони евра.

Да, Заев и Ангеловска предложија, а пратениците на СДСМ денес ќе изгласаат четврт милијарда евра нов долг.

Задолжувањата се нижат, а капитални инвестиции нема, ништо не се гради. Од почетокот на годината заклучно со октомври реализирани се само 40%. Доколку не беше ребалансот со кој се скратија средства истите ќе беа 36%“, рече Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Инвестиции нема, но затоа задолжувања има. Откако Заев е на власт јавниот долг е зголемен за над половина милијарда евра. Половина милијарда евра, наместо во инвестиции отидоа во криминални тендери, партиски вработувања и во луксузирања на државен трошок.

Заклучно со долгот од денес оваа власт предводена од Заев и Ангеловска направи долг од над 800 милиони евра, а не направи ништо за граѓаните.

Денеска Заев го сврте бројчаникот, долгот денеска отчука 5,6 милијарди евра.

Заев и Ангеловска без контрола ги трошеа народните пари. Сега пред избори повторно без контрола се задолжуваат. Ефект од тоа граѓаните немаат. Само дупката во буџетот расте.

По 12 април на расипништвото ќе му дојде крај. По 12 април следува обнова на Македонија и одговорно управување со парите на граѓаните“, изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски