Боки 13 до Камчева: Се сеќавате ли дека ми правевте специјални вечери?

Од:

Бојан Јовановски – Боки 13 во судницата го испитува сведокот Ана Камчева, а двајцата доаѓаат во конфликт па судијката ги опоменува да се смират.

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

„Какви беа нашите средби“, ја праша Јовановски Камчева, на што таа рече дека не се сеќава.

„Како што можев да видам вака памтењето добро ве служи така да ајде, кажете”, и рече Јовановски на Камчева.

Тој ја праша и дали нејзините средби со директорот на поранешната УБК Горан Николовски се одвивале во просториите на УБК, на што Камчева одговори „не“.

„Две средби имав, по мое барање беа надвор од МВР зошто таму беше Ременски и ми беше страв дека се ќе биде пренесено”, рече таа.

Дали се сеќавате на вечерите организирани во вашата велелепна палата, беше едно од прашањата што Јовановски и го постави на Камчева.

„Дали се сеќавате дека подготвувавте посебни вечери за мене“, продолжува тој, но овие прашања не му се дозволени.

Тој го нарекува сопругот на Камчева, бизнисменот Орце Камчев „вашиот сакан и чесен сопруг“, а судијката повторно го прекорува дека дава квалификации.

Боки 13 и’ рече на судијката дека го деконцентрира

Обвинетиот Јовановски рече дека за Камчева ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело и откако повторно беше опоменат од судијката се пожали дека ништо не му е дозволено да ја праша Камчева.

„Па дајте осудете ме да не се мачиме. Ме деконцентрирате…”, рече Јовановски.

Судијката го праша дали знае каде се наоѓа и дека ќе го отстрани од судницата.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов