Се урна чилеански воен авион со 38 лица во него, на пат за Антарктикот

Од:

Чилеански воен авион „С-130 Херкулес“ со 38 лица во него исчезнал од екраните на радарите, но набрзо било потврдено дека авионот е урнат, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Твитер информации на военовоздухопловните сили на земјата.

Авионот се упатил во база на Антарктикот, а контактот со него бил загубен еден час по полетувањето. Властите неколку часа подоцна соопштија дека не се оптимисти за конечниот изход. Откако врската со екипажот била во прекин судум часа, чилеанските военовоздухопловни сили, како и националните и странските авиони и бродови, спровеле операција на претрага во реонот на инцидентот, за евентуално да спасат можни преживеани.

Авионот „С-130“ полетал од базата „Чабунко“ во градот Пунта Аренас, што се наоѓа на крајниот југ на земјата, до воздухопловната база на Антарктикот. Во авионот имало 17 членови на екипажот и 21 патник. Авионот транспортирал персонал, кој изведувал активности за оддржување на пловечки нафтовод.

„C-130 Херкулес“ е американски воен транспортен авион за средни и долги дестинации. Тој е главниот воено-транспортен авион на САД, земјите на НАТО и серија други земји.

Военовоздухопловните сили на Чиле имаат седум вакви авиони.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени