Почнувааат отворените денови на Централниот регистар

Од:

Од денеска почнуваат отворените денови на Централниот регистар на Република Македонија на кои граѓаните и правните субјекти ќе имаат можност да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.

Акцијата ќе се реализира во сите 11 регионални канцеларии на Централниот регистар во кои тимови од стручни лица ќе им бидат на располагање на граѓаните. Отворените денови почнуваат во Велес, а распоредот за следните денови ќе биде објавен на веб страницата на Централниот регистар.

Од Централниот регистар очекуваат најмногу прашања во врска со актуелното бришење на компаниите согласно последните измени на Законот за трговски друштва, но и прашања за новините што се  спроведуваат во Регистарот и за задолжницата како инструмент за обезбедување на побарувањата.

Би можело да ве интересира

„Цар Борис трети“ избришан од Централен регистар

A1on

Централниот регистар го продолжува рокот за поднесување годишна сметка

Ана Ололовска

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори

Ана Ололовска

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар до 25 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во функција Национален регистар на вистински сопственици

Ана Ололовска

Централниот регистар со нов портал

Ана Ололовска