Израелски амбасадор ја повика Будимпешта да одземе новинарска награда

Од:

Израелскиот амбасадор Илан Мор во Будимпешта ја повика Унгарија да ја одземе државната новинарска награда доделена на тв-новинар поради антисемитизам и расизам.

– Таа награда е дадена на погрешно лице од погрешни причини, наведува тој во пораката.

Новинарот Ференц Санислов, новинар на унгарската провладина телевизија Ехо ТВ ја доби од Владата на Виктор Орбан престижната годишна новинарска награда Танчич.

Мор наведе дека идеите на Санислов не се дел од демократското слободно општество како што е унгарското.

– Додека Израел и Унгарија соработуваат во борбата против антисемитизмот, таквите награди би можеле да предизвикаат негативен впечаток и да не наведат на погрешен пат, истакнува Мор.

Наградениот водител во својата еммисија рече дека „Циганите или Ромите се мајмуни“ и „забележа“ дека „Евреите и Ромите спроведувале антиунгарски активности“.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан